Прво сакаше роденден со Мини Маус. Потоа со еднорози. Па пак Мини Маус. Па облаци. Па вулкани (да, и тоа беше опција ). Па пак Мини Маус. Па вештерки. Па Frozen. Па пак Мини Маус… па пак еднорози…
И тука сфативме — зошто воопшто да бираш? Кога полниш 3 години, НЕМА правила
Дрес код (ако воопшто постои)
Дојдете како што сакате — свечено, спортски, со точки, без точки…
Децата нека си изберат што сакаат да си носат — пижами, костим, некоја омилена „чудна“ комбинација…
Славиме 3-ти роденден, така што нема никакви правила! Доколку сакате и можете, облечете нешто (вио)ЛЕТОВО —
НАЈОМИЛЕНАТА боја на Гаиа!
Интересите на Гаиа (сега за сега)
Мини Маус!, Пата, некогаш и Мики Маус
Што и да е (вио)ЛЕТОВО!
Еднорози
Фрозен (Елса, Ана, Олаф, Свен…)
Животни (буквално секакви), коњи, мачиња, кучиња, прасиња
Вештерки, зомбиња, змејови… (ама слатки)
Play-doh пластелини и играчки за правење форми/кинетички песок